Распишан конкурсот за наградата „Даница Ручигај“

Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) распиша Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај, 2018 до крај на октомври годинава.

Книгите во еден примерок треба да се достават во просториите на ДПМ најдоцна до 10 ноември годинава, секој работен ден меѓу 9:00 и 12:00 часот или по пошта, на адреса: ДПМ, ул. „Максим Горки“, бр.18, 1000 Скопје. Како што информираат од ДПМ, изборот ќе го изврши писател-селектор, а ќе го потврди претседателството на асоцијацијата.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писатели на Македонија.

Со оваа награда се поттикнува поетското творештво на жените-писатели и се возобновува споменот на македонска поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес на 29-годишна возраст.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе