Распитот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Основното јавно обвинителство е одложен, поради активности во Собранието и седницата на Комисијата за изборите и именувањата.
По извршениот увид во доказите, одбраната на Заев требаше денеска да се произнесе за индициите во случајот за изборните нерегуларности, за кои се товари лидерот на СДСМ.
Заев заедно со уште едно лице од партијата и правното лице СДСМ, се сомничат за употреба на недозволиви средства во кампањата и лажирање на финансиските извештаи. Засега не е познато кога ќе се одржи распитот.