И ги налути обожавателите

Расплаканата Адел ги откажа концертите во последен миг

Британската пејачка Адел откажа низа настапи во Лас Вегас 24 часа пред одржувањето на првиот, со што многу ги разлути обожавателите, пренесе BBC.

 

Адел на социјалните мрежи објави видео преку кое објасни дека е принудена да откаже 24 настапи.

„Многу ми е жал, но концертите едноставно не се целосно подготвени. Половина од мојот тим е заразен со коронавирус и со самото тоа беше невозможно да се завршат сите подготовки“, изјави таа со насолзени очи.

Адел требаше денеска да го одржи првиот од вкупно 24 настапи во Лас Вегас. Планирано беше секој викенд да одржува по два, што значи дека ќе имаше настапи до април. Денешниот настап требаше да биде нејзин прв концерт по пауза од 5 години, не сметајќи ги неколкуте помали настапи на кои го промовираше албумот „30“.

„Будна бев 30 часа обидувајќи се да ја спасам продукцијата на концертите, но немам доволно време. Невозможно е да ги подготвам на време. Не можат да ви го дадам тоа што го ветив и затоа сум многу растажена“, изјави таа.

Им се извини на обожавателите кои веќе пристигнаа во Лас Вегас.

„Жал ми е што се откажувам во последен миг“, се извини таа.

Како што пренесе BBC, неколку нејзини обожаватели се налутиле поради фактот дека Адел чекала до последниот момент да објави дека се откажани концертите, објаснувајќи како поради тоа останале без неколку стотици долари.

Едена од обожавателките, која со сестрата допатувала од Бруклин, вели дека разбира како коронавирусот влијае на светот и на индустријата, но одлуката на Адел делува како „шлаканица“. Пар од Канзас исто така не ја сокри лутината, раскажа дека платиле скоро 2.000 долари за хотели и летови до Лас Вегас.

Адел сепак додаде дека нејзиниот тим веќе работи на поместување на концертите и наскоро ќе бидат познати  повеќе информации за новите датуми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adele (@adele)

Тагови
реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Музика

По пет години издаде нов албум и ги сруши Spotify и Apple Music

Read more

За што всушност говори победничката евровизиска песна?

Read more

Украина победи на Евровизија: Нашата песна не победи само поради политиката

Read more

Кој е фаворит за победа на Евровизија според обложувалниците?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Почна 75. Кански филмски фестивал

Читај повеќе

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Читај повеќе
  • play_arrow

По пет години издаде нов албум и ги сруши Spotify и Apple Music

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 славни личности кои стапиле во брак со обични луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

За што всушност говори победничката евровизиска песна?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Doctor Strange 2“ втор викенд на врвот на бокс-офисот

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина победи на Евровизија: Нашата песна не победи само поради политиката

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Hustle на Леброн со Адам Сендлер

Читај повеќе