Расправајте се на работа – ќе бидете поопуштени дома

Луѓето кои отворено ги изразуваат лутината и бесот во расправија се поздрави од оние кои бесот го потиснуваат и се повлекуваат од конфликтот, тврдат истражувачите од Универзитетот во Мичиген.

Тие анализирале податоци од 2.000 учесници во истражувањето на возраст од 33 до 84 години.

Испитаниците кои чувствувале тензија и биле преплавени со негативни емоции што ги задржувале во себе, покажувале симптоми на физички тегоби, од болки до сериозни заболувања.

За разлика од нив, испитаниците кои редовно се расправале во текот на денот, попладне чувствувале апсолутен мир, без ниту еден симптом на вознемиреност.

Нивото на кортизол, хормонот на стрес, кај нив било ниско во споредба со испитаниците кои ги задржувале негативните чувства во себе.

Повеќето од нив првиот дел од денот го поминувале на работа, каде најчесто се појавуваат причини за несогласување, расправија или некаков конфликт, со колегите, соработниците, клиентите, шефот... Тие што ги изразувале своите несогласувања, поплаки и фрустрации попладне биле опуштени и помалку се расправале со домашните.

Истражувачите велат дека ниту еден конфликт не треба да се пригушува, туку расправиите да се водат додека не се дојде до решение, без разлика дали станува збор за несогласување со директорот, сопружникот, колегите, децата, пријателите или членови на семејството.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Живот

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Read more

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе