Раст на Волстрит, попушти стравот од банкарската криза

Берзанските индекси на Волстрит пораснаа во понеделникот, бидејќи стравувањата од криза се намалија благодарение на спасувачките пакети на банките и додека инвеститорите се надеваа на забавување на темпото на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Dow Jones зајакна 1,20 отсто, на 32.244 поени, додека S&P 500 порасна за 0,89 отсто, на 3.951 поен, а индексот Nasdaq 0,39 отсто, на 11.675 поени.

Растот на пазарот е благодарение на стабилизацијата на банкарскиот сектор, поради што спласнаа стравувањата од банкарска криза, која преовладуваше на пазарот по неодамнешниот колапс на две американски банки - Silicon Valley и Signature -  и поради проблемите на неколку другите банки, вклучително и Credit Suisse.

Инвеститорите стравуваа од прелевање на проблемите на други банки

Во текот на викендот, швајцарските монетарни власти успеаја да склучат договор според кој UBS ќе го купи Credit Suisse за 3,2 милијарди долари, но со огромни отписи од втората по големина банка во Швајцарија, што доведе до големи загуби за акционерите и сопствениците на Credit Suisse.

Тоа предизвика остар пад на цената на акцијата на Credit Suisse, но ги увери инвеститорите кои стравуваа од прелевање од швајцарската банка во други банки. Цената на акцијата на американската First Republic Bank вчера остро падна, за речиси 50 отсто, иако на крајот на минатата недела неколку големи банки депонираа околу 30 милијарди долари во таа банка.

Но, со оглед на тоа што S&P го намали рејтингот на банката и веста дека продолжува да повлекува пари од програмата за итна поддршка на ликвидноста на ФЕД, акциите на First Republic остануваат под притисок. Сепак, цените на повеќето други акции во банкарскиот сектор се стабилизираа, па вчера S&P индексот на тој сектор порасна за 0,6 отсто.

Пораснаа и цените на акциите на европските берзи

„Иако цените на акциите на некои банки продолжија да паѓаат денес, секторот се чини дека се стабилизира“, рече Квинси Крозби, стратег во LPL Financial. На пазарот позитивно влијае и шпекулациите дека поради проблеми во банкарскиот систем и олеснување на инфлаторните притисоци, американската централна банка би можела да го забави темпото на зголемување на каматните стапки.

До неодамна се очекуваше ФЕД да ги зголеми каматните стапки за агресивни 0,50 процентни поени на дводневната седница, која започнува во вторник, но сега многумина веруваат дека каматните стапки ќе бидат зголемени за 0,25 процентни поени, а некои сметаат дека ФЕД овој месец воопшто нема да ги зголеми каматните стапки.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,93 отсто, на 7.403 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,12 отсто, на 14.933 поени, а париски CAC за 1,27 отсто, на 7.013 поени.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Свирежи за крај: Меси неславно испратен од ПСЖ

Read more

Бизнис

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Илон Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Read more

Дали на Европа ѝ треба „воена економија“?

Read more
 

Вести

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Читај повеќе

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе