Расте бројот на нарачки: Pepsi купува 100 камиони од Tesla

Tesla соопшти дека примил нови резервации за електричниот камион-шлепер кој го претстави кон средината на ноември. Pepsi стана првиот купец кој порачал троцифрен број на возила, бидејќи уплатил депозит за набавка на 100 камиони Tesla Semi.

Досега, најголемата поединечна нарачка изнесуваше 50 возила, а купец беше корпорацијата Sysco, која се занимава со дистрибуција на храна.

Tesla не соопшти колку вкупно камиони досега се порачани, по нешто помалку од еден месец од премиерата, но се претпоставува дека станува збор за неколку стотици, ако не и илјада возила, а бројот на резервации се менува од ден во ден.

Кога станува збор за Pepsi, оваа компанија во САД моментално поседува речиси 10.000 камиони, па со купувањето на овие 100 возила од Tesla, еден процент од флотата ќе и биде на електричен погон.

Инаку, годишно во САД се продаваат околу 260.000 камиони од класата која и припаѓа на Tesla Semi.

Основната верзија на камионот на Tesla на струја има автономија во возењето од 480 километри и чини 150.000 долари.

За оние на кои и е потребен камион за нешто подолги релации, на располагање е Tesla Semi кој со полни батерии може да помине до 800 километри.

Оваа верзија се продава по цена од 180.000 долари. За да се резервира основниот модел, потенцијалните купувачи мораат да уплатат депозит од 20.000 долари.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе