Во последните 24 часа се регистрирани 339 починати, а повеќе од 22.000 новозаразени во Италија.
Во Милано се заострени рестриктивните мерки, но според мислењето на тамошните стручни лица тоа е направено со задоцнување.
Медиумите известуваат дека властите манипулираат со епидемиолошките податоци за да го одложат воведувањето на нови рестриктивни мерки.
Од почетокот на пандемијата со COVID-19 во Италија се регистрирани скоро 3 милиони заразени, а според проценките, до крајот на оваа недела, бројот на починати ќе изнесува над 100 илјади лица.