Расте цената на златото

Светските цени на златото растат, покажуваат податоците од њујоршката берза Комекс.

Јунските цени на златото пораснаа за речиси еден процент и се тргува за 1.773 долари за унца. За време на тргувањата денеска цената порасна речиси до 1.775,8 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година.

Цената на златото расте откако првиот човек на Федералните резерви на САД (ФеД), Џером Пауел, изјави дека невработеноста во САД во вториот квартал на 2020 година може да се искачи до 25 проценти, а економијата и БДП да се намалат за 20 отсто.

– Резултатите ќе бидат многу лоши, ќе има голем пад на економската активност, голема невработеност, изјави Пауел денеска за СBS.

Тој во средата изјави дека „големината и темпото на економскиот пад се незабележани досега уште од Втората светска војна“. ФеД не исклучува и нов колапс на американските финансиски пазари.

Но, како што изјави Пауел денеска, економијата, можеби бавно, но ќе се обнови.

– Нашата економија беше силна само пред два месеца, одговоривме со робустни мерки. Одиме со бавна и постепена обнова во втората половина на 2020 годиа, која предвидувам да трае до крајот на 2021 година, кога американската економија ќе се врати во нормала, но и во многу посилна состојба, изјави тој. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе