Расте побарувачката за испораки на руски гас во Словачка

Побарувачката за капацитетот на гасоводот што испорачува руски гас преку Украина до Словачка силно порасна, покажуваат податоците на словачкиот гасовод оператор TSO Eustream.

Во Словачка преку граничната точка Велики Капушани денеска треба да влезе 51 отсто повеќе руски гас од вчера, вкупно 946.741 мегавати (MWh), покажуваат податоците.

Украина во вторникот го ограничи снабдувањето со руски гас за Европа, блокирајќи ја клучната транзитна точка Сохрановка и барајќи пренасочување на гасот преку друга точка на украинска територија.

Украинците не сакаат гасот да минува низ Сохрановка

Украинската страна одби да дозволи гасот да минува низ Сохрановка, соопшти рускиот гасен гигант Газпром, додавајќи дека продолжува да испорачува гас за Европа, преку украинска Суџа. Денеска на оваа рута во Европа треба да пристигнат 61,97 милиони кубни метри гас, 22,5 отсто повеќе од вчера, објави руската компанија.

Русија во средата го забрани бизнисот со сопственикот на полскиот дел од гасоводот Јамал, кој исто така испорачува руски гас во Европа, и со поранешните филијали на Газпром во ЕУ и САД. Во последните недели, гасот на Јамал главно се движи во спротивна насока, од Германија кон Полска, на која Газпром ѝ го прекина снабдувањето во април.

Испораките на руски гас за Германија се стабилни

Во Полска денеска на точката Малнов на границата со Германија влезе исто количество гас како и синоќа, покажаа податоците од операторот на гасоводот Гаскада.

Испораките на руски гас за Германија преку гасоводот Северен поток 1 преку Балтичкото Море се стабилни.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Бизнис

Нафтата најскапа во последните седум недели

Read more

Русија го прекина извозот на струја за Финска

Read more

McDonald's ја напушта Русија по 30 години

Read more

Единствената земја што го прифати биткоинот како валута е пред банкрот

Read more
 

Вести

СОНК и МОН ги усогласија ставовите – платите од септември ќе се зголемат за 15 проценти

Читај повеќе

Нафтата најскапа во последните седум недели

Читај повеќе

Русија побара од судот да го прогласи Азов за терористичка организација

Читај повеќе

Пороен дожд и грмежи во попладневните и вечерните часови

Читај повеќе

ЕУ има член што обезбедува колективна одбрана во случај на воен напад

Читај повеќе

Најдени оружје и дрога при претрес, приведен скопјанец

Читај повеќе

176 нови ковид случаи во три дена, нема починати

Читај повеќе

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Читај повеќе

Промена на неутралноста: Швајцарија сака да влезе во НАТО?

Читај повеќе