Растенија што не треба да ги чувате во спална: Предизвикуваат респираторни проблеми и главоболки

Сè повеќе луѓе носат растенија во затворен простор, но пред да се одлучите на тој чекор, важно е да знаете кои растенија треба да ги избегнувате во спалната соба.

Домашните растенија можат да го подобрат квалитетот на воздухот со апсорпција на загадувачите додека истовремено обезбедуваат кислород, кој ви помага да спиете. Сепак, некои домашни растенија подобро е да се чуваат во други простории во домот наместо во спалната соба.

Имено, експертите од OnlineBedrooms открија кои четири растенија треба да ги избегнувате во спалната соба бидејќи можат да предизвикаат респираторни проблеми и главоболки.

„Создавањето засолниште за растенија во вашата спална соба може лесно да се направи со малку размислување и грижа. Иако повеќето растенија ќе го подобрат естетскиот изглед на вашата соба, некои имаат повеќе корисни квалитети од другите“, вели експертот Ник Шаклок од OnlineBedrooms.

На пример, еукалиптусот е растение познато по својот прекрасен мирис и може да биде неодоливо за многу луѓе. Сепак, неговиот мирис често може да резултира со главоболки поради силниот мирис, како и иритација на респираторниот систем. Затоа е подобро да го чувате во бањата.

Кактусите исто така треба да се чуваат надвор од спалната соба, главно затоа што оваа соба е помалку осветлена. Сепак, ова растение може да доведе до случајни повреди ако го турнете во текот на ноќта. Препорачливо е да се чуваат на повисоки места.

Орхидеите обично се безопасни, но мал процент од луѓето се всушност алергични на нив, што може да предизвика можни респираторни проблеми или реакции поврзани со кожата. Исто така, можат да бидат предизвик за одржување, што не е идеално да ги чувате во просторијата каде што најмногу се одмарате.

Ако имате домашни миленици во вашиот дом, тогаш саго палмата е растение кое дефинитивно треба да го избегнувате, иако е популарно за во спалната соба.

Саго палмите содржат цикадин, кој може да предизвика повраќање, оштетување или откажување на црниот дроб, хеморагичен гастроентеритис, а во екстремни случаи и смрт доколку го проголтаат домашните миленици.

Од друга страна, растенијата кои се добар избор за спалните соби се алое вера, сансеверија, лаванда и лилјани благодарение на нивните својства за прочистување на воздухот.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе