Разбиваме митови за хороскопските знаци: Овенот не е агресивен, Ракот одлично се справува со емоциите

Девиците само сакаат да го направат светот подобро место за живеење, а многумина тоа го мешаат со желбата за контрола и прекумерен перфекционизам. Лавовите се сметаат за многу себични, а всушност се многу дарежливи.

Овен

Една од најголемите заблуди за припадниците на овој знак е дека тие се многу борбени и агресивни. Иако е точно дека Овните се енергични по природа и знаат како да планираат, тие всушност се многу добродушни. Зад целата таа драма, гужва и збрка се крие добар човек кој нема намера никого да повреди.

Бик

Дефинитивно најголемата заблуда за Биковите е дека се мрзливи. Навистина, тие се многу лежерни, но во никој случај не се мрзливи. Имаат навика мирно да размислуваат за проблемот што треба да го решат, да одмерат што е за, а што против, па дури потоа преземаат акција. Несовесното извршување на задачите за нив е непотребно губење време. Биковите се всушност многу вредни, а тоа што го прават, го прават исклучително добро.

Близнаци

Да, Близнаците дефинитивно ги бие глас дека се површни луѓе чијшто живот се врти околу сопствените задоволства. Но, иако често делуваат несериозно, знаат длабоко да размислат за сè во животот, а таквите мисли споделуваат само со малкумина среќници кои сметаат дека заслужуваат да ги слушнат.

Рак

За припадниците на овој знак на големо се зборува дека се плачливи, носталгични души, претерано емотивни и склони кон промени во расположението. Всушност, Раковите често се високо мотивирани луѓе, ориентирани кон кариера. Најмногу енергија трошат на градење добра основа која би им обезбедила емоционална и материјална сигурност, а кога ќе го постигнат тоа, работата им тргнува по нагорна линија.

Лав

Добро е познато дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, обожаваат кога другите им се восхитуваат, бидејќи тоа го храни нивното его и им дава чувство на моќ. Но, припадниците на овој знак се далеку од себични, тие се всушност многу дарежливи. Имаат големо срце, заштитнички се ориентирани кон луѓето што ги сакаат, со задоволство помагаат и се неверојатно лојални. Имаат длабоки чувства, сакаат силно и искрено.

Девица

Припадниците на овој знак само сакаат да го направат светот подобро место за живеење, а многумина тоа го мешаат со желбата за контрола и прекумерен перфекционизам. Девиците знаат дека сѐ и секој може да се подобри, дека секој човек може да стане најдобрата верзија од себе само ако вложи малку труд. Кога критикуваат, тоа го прават од добри и благородни намери, а не за да понижат некого. Со задоволство ќе помогнат и ќе дадат добри совети.

Вага

Вагите се познати како многу неодлучна личност која знае толку многу што се исцрпени од размислувањето што да изберат, што на крајот ја трошат целата своја енергија на таа дилема. Вистина е дека им треба време кога треба да одлучат нешто, бидејќи главата и срцето се судираат, но кога ќе донесат одлука, брзо почнуваат да ја реализираат. Припадниците на овој знак сакаат акција, не се плашат од промени и уживаат во сѐ што е убаво.

Скорпија

Постои стереотип дека сите Скорпии се луди по секс. Навистина, тие сакаат страсно да водат љубов и се добри во тоа, но не се опседнати со секс. Тие можат да бидат интимни со некого неколку пати на ден, но добро поднесуваат и „сушни периоди“. Скорпиите кај сексот ја сакаат таа интимност и ранливост, како и фактот дека се сакани поради најсировата верзија на себе. За нив сексот не е само прашање на техника, туку и на длабоки емоции, па дури и духовна поврзаност.

Стрелец

Се верува дека припадниците на овој знак имаат проблеми да се поврзат и да се посветат на другите луѓе. Стрелците, точно е, многу ја сакаат својата слобода, но умеат и емотивно да ѝ се предадат на вистинската личност. Вистинската личност за нив е онаа која може да ги придружува во потрага по авантура, мудрост и вистина. Комплетен партнер кој им помага да растат и да ја сфатат смислата на животот, тие целосно ќе се предадат, доколку е потребно и до крајот на животот.

Јарец

Се вели дека Јарците се конзервативни на некој капиталистички начин. Иако знаат да бидат наклонети кон хиерархиски начин на размислување, припадниците на овој знак се многу вредни, трпеливи, а по потреба и скромни. Она што го бараат и очекуваат од другите луѓе, го бараат од самите себе. Јарецот ќе направи сѐ за семејството.

Водолија

За луѓето родени во овој знак често се верува дека се чудни, ексцентрични, непредвидливи, па дури и површни. Но, иако на свој начин се необични и знаат повеќе да се грижат за странците отколку за сопственото семејство, тие секако не се нестабилни. Водолиите се многу организирани луѓе кои сакаат рутина и стабилност. Тие исто така сакаат да ги ценат духовните работи.

Риби

Припадниците на овој знак се многу имагинативни, креативни, грижливи и нежни. Од друга страна, познати се како луѓе кои често го менуваат расположението, понекогаш дури и одат до крајности, многу се затворени и претерано чувствителни. Рибите се сметаат за еден од емотивно најинтелигентните знаци во астрологијата. Знаат дека чувствуваат сѐ одеднаш во еден момент, многу се сочувствителни, па понекогаш им треба самотија за да ги „сварат“ сите тие чувства и да се вратат во нормала.

реклама

Заврши најкрвавата битка во Украина, Азовстал во рацете на Русите

Read more

Полска бара демилитаризација и преименување на Калининград, Русите се изнасмеаја

Read more

Необична снимка: Уште еден доказ дека со Путин нешто не е вo ред?

Read more

По разделбата со Лиса Бонет, Џејсон Момоа во врска со 10 години помлада колешка

Read more

Живот

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Read more

Како да ги намалите сметките за струја?

Read more

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Read more

Како да се избегнат штетните ефекти од користењето на клима-уред?

Read more
 

Магазин

Седум прашања што треба да си ги поставувате пред роденденот

Читај повеќе

Помалку познати рани знаци на бременост

Читај повеќе

Љубов предодредена во ѕвездите: Совршената хороскопска двојка

Читај повеќе

Сурутката ги чисти црниот дроб и цревата, но која е подобра – кравја или козја?

Читај повеќе

Дали начинот на кој седите може да ви го продолжи животот?

Читај повеќе

Како да ги намалите сметките за струја?

Читај повеќе

Добро Ми Стои кај Претседателот

Читај повеќе

Зошто со годините потешко го поднесуваме мамурлакот?

Читај повеќе

Како најлесно да го исчистите златниот накит?

Читај повеќе