Разбивање митови: Паричка за Бадник или за Василица?

Филип Здравески
/ 13.01.2023 / 10:40

Само едно е правилно, а во продолжение откриваме зошто токму едниот празник е вистинскиот за лепче со паричка.

Фото: МИА

Во Македонија, но и во соседните држани каде што живее македонско малцинство како Грција, Бугарија и Албанија, постои поделба на тоа кој кога врти лепче или пита со паричка. Едните тоа го прават на Бадник, додека другите за Стара нова година, односно Василица. И тука е вечната дилема: кога е навистина правилно?

Свети Василиј Велики е еден од најголемите Отци на Црквата Христова низ вековите. Се родил во 330 година во Неокесарија, во Понт, од татко Василиј и мајка Емилија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии. Најголемото образование го стекнал во Атина каде ја изучувал филозофијата, дијалектиката, реториката, астрономијата, па дури и медицината. Есента 370 година станал епискот на Кесарија

Токму во времето кога Василиј станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на Свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓал, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, Свети Василиј го пречекал и му го понуди богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот. Никогаш повеќе не се вратил, ниту пак им досадувал на верниците од градот.

Но, таквиот расплет на настаните го оставил Свети Василиј со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер, не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш, просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година, кога сите луѓе доаѓале в црква, Василиј на секого му дал по едно лепче. Така, секој добил по нешто од богатството кое било наменето за насилникот. Една легенда вели и дека секој во лепчето си го добил она што претходно го дал, но тоа, се разбира, не е точно.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на Свети Василиј Велики, односно на Новата година по стариот календар, да се меси лепче или пита со паричка во него, наречено и василопита. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за Свети Василиј Велики. Понатаму, лепчето се разделува на присутните. Оној што ќе ја најде паричката го добива благословот на Свети Василиј Велики за претстојната година.

Таа Нова година по стариот календар, јулијанскиот, во денешно време е 14 јануари. Лепчето или питата со паричка се врти вечерта пред Новата година, односно на 13-ти, или пак дента на Новата година, за ручек на 14-ти.

За Бадник исто така се меси лепче - посна погача која е симбол на предбожикната трпеза. Ја нарекуваат уште и поскура, чесница и кравајче. Како започнал адетот да се става паричка и во ова лепче - не е познато, но многумина милуваат да го практикуваат тоа. Некои, пак, дури и ги прават двата адета - паричка и за Бадник и за Василица.

реклама

Орбан до Будимпешта Прајд: Ич не се ни мачете да организирате годинава

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Германија „ја смени песната“ за планот на Макрон за нуклеарно оружје

Read more

Најдобриот природен лек за црниот дроб што чини само 1 евро

Read more

Живот

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Read more

Досадата им е неприфатлива: Хороскопски знаци со неисцрпна енергија

Read more

Начините на кои прекумерната грижа влијае на децата

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more
 

Магазин

Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе

Три евтини намирници кои го намалуваат холестеролот

Читај повеќе

Што треба да јадете за здравје на цревата?

Читај повеќе

Зошто утринското истегнување треба да ви стане навика?

Читај повеќе

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Читај повеќе

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршено пире од компири?

Читај повеќе

Шест едноставни навики со кои можете да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе