Тројца разбојници вооружени со автоматски пушки ограбиле бензинска пумпа во Сарај.
Според информациите на МВР, утринава, во 2 и 20 часот, на бензинска пумпа „Имо Оил“ во скопско Сарај, три непознати маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, физички го нападнале вработениот, при што му одзеле околу 20.000 денари и неговиот паричник во кој имало 1.000 денари.
Тие украле документи и еден ресивер од безбедносните камери од пумпата, по што го затвориле вработениот во една од просториите и избегале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.