Разлика во години меѓу партнерите - дали бројките се навистина важни?

Велат дека вистинската љубов не познава ограничувања, ни кога се во прашање годините, но се чини дека науката не го поткрепува тоа.

Иако има бројни истражувања на оваа тема, тешко е точно да се одговори на прашањето дали големата разлика во годините меѓу партнерите е предност или недостаток.

Кога станува збор за љубовните врски, и мажите и жените сакаат партнер кој е приближно до нивните години, но исто така се отворени и кон оние кои се постари или помлади од нив.

Што велат истражувачите за разликата во години?

Истражувачите од областа на општествените науки веќе со години ја истражуваат важноста на разликата во години меѓу партнерите. Тие докажаа дека разликата во годините е поврзана со развод.

Со други зборови, паровите кај кои разликата била помалку од 5 години биле склони кон развод за разлика од паровите кај кои разликата изнесува помеѓу 10 и 20 години.

Постојат и други истражувања кои покажуваат дека не постои значителна поврзаност меѓу разликата во годините и развод. Разводот не зависи само од годините туку и од многу други фактори.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Емори во Атланта покажа дека разликата во години меѓу партнерите сепак има огромно влијание во успехот на врската, пренесува Good Housekeeping.

Во истражувањето во кое учествуваа 3.000 двојки, научниците открија дека двојките со возрасна разлика од 5 години имаат за 18% поголема шанса да раскинат во споредба со двојките во кои партнерите се врсници.

Тој процент скокнува на 39% кога разликата изнесува 10 години и на неверојатни 95% кога станува збор за разлика од 20 години.

Резултатите само го потврдија општо прифатеното мислење, а „формулата“ за успешна љубовна врска звучи прилично едноставно  - колку е помала разликата во години меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за успех.

Мажите кои млади стапуваат во брак на почетокот се посреќни, а потоа доживуваат пад на задоволството и среќата. Мажите кои стапуваат во брак на возраст од 30-40 години се посреќни и позадоволни.

Што вели психологијата?

Според психологијата, мажите сакаат помлади жени, а жените сакаат постари мажи бидејќи ова е поврзано со репродукцијата. Со други зборови, ако некој има добри гени, односно ако е привлечен, има енергија, внимателен е и нежен, тоа значи дека може да ви овозможи љубов, стабилност, доверба и финансиска безбедност.

Мажите сакаат витални и млади жени бидејќи таквите карактеристики ги поврзуваат со „вечна“ плодност.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе