Свет

Размена на Талибанци за Американец и Австралиец

19. ноември 2019 - 8:56 | МИА

Исламабад, 19 ноември 2019 (МИА) – Претставници на Талибанците изјавија за американски медиуми дека тројца Талибанци затвореници ослободени од Кабул се на пат за Катар, каде ќе бидат разменети за американски и австралиски заложници кои ги држат бунтовниците.

Засега е непознато каде се наоѓаат двајцата заложници, Американецот Кевин Кинг и Австралиецот Тимоти Викс.

Тројцата талибански затвореници, меѓу кои и Анас Хакани, помладиот брат на Сираџудин Хакани, кој ја предводи злогласната мрежа Хакани, требаше да бидат ослободени пред повеќе од една недела по наредба на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Коментирај