ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Разочарување за фудбалска Европа: Осимхен ја одбра Саудиска Арабија

Завршен е трансфер кој ќе одекне низ фудбалска Европа и ќе ги разочара сите навивачи на Стариот континент. Одличниот напаѓач Виктор Осимхен е нов играч на саудискиот клуб Ал Ахли.

И покрај тоа што има само 25 години, а европските гиганти го бркаа неговиот потпис, Виктор Осимхен реши да го прифати повикот на саудиските пари и во наредниот период да игра за Ал Ахли.

Најблиску до негов трансфер во овој преоден рок беше Челси. На крајот „Сините“ извисија бидејќи Наполи постигна конечен договор за продажба на Нигериецот за сума од 75 до 80 милиони евра со бонуси.

Осимхен ќе заработува меѓу 25 и 30 милиони евра годишно во Ал Ахли со четиригодишен договор.

Веста за трансферот на Осимхен на Блискиот Исток ја потврдија и најугледните медиуми од Италија, меѓу кои и новинарите Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, како и Sky Sport.

Неговиот лекарски преглед во Саудиска Арабија е веќе закажан и ќе биде направен денеска во текот на денот.

Заминувањето на уште една ѕвезда, особено во неговите најдобри играчки години, е тежок удар за европскиот фудбал. Стрелецот на 76 гола во 133 натпревари за Наполи можеше да остави длабока трага во Европа и Лигата на шампионите, но реши да прифати профитабилна понуда од Истокот.ж

Наполи веќе ја обезбеди неговата замена откако синоќа го потпиша Ромелу Лукаку од Челси, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Рома.

реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Фудбал

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Read more
 

Спорт

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ потврди: Фудбалерите ќе играат во нови дресови на Adidas

Читај повеќе