Разрешен шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Израелската влада рано утринава го разреши шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет, а одлуката стапи на сила на 10 април, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, по тридневните протести против најавениот потег.

Нетанјаху оваа недела изјави дека ја изгубил довербата во Ронен Бар, кој ја водеше Шин Бет од 2021 година, и дека има намера да го отстрани.

Бар не присуствуваше на владиниот состанок, но во писмото испратено до министрите рече дека процесот околу неговото разрешување не е во согласност со правилата и дека неговото разрешување се заснова на неосновани тврдења.

Полицијата вчера употреби водени топови и изврши бројни апсења додека избија судири за време на протестите во Тел Авив и во близина на резиденцијата на премиерот во Ерусалим. Во текот на изминатите три дена, демонстрантите за разрешување на Бар ги здружија силите со демонстрантите против одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа.

Ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Одлуката на израелската влада уследи по неколкумесечните тензии меѓу Бар и Нетанјаху поради истрагата за корупција на помошник во неговата канцеларија. Нетанјаху смета дека истрагата е политички мотивиран напад и обид да се собори од власт, додека критичарите го обвинуваат дека ги поткопува демократските институции барајќи смена на Бар.

Во писмото до владата, Бар рече дека одлуката за негово разрешување е „целосно обележана со (...) конфликт на интереси“ и водена од „фундаментално неприфатливи мотиви“.

Тој веќе најави дека има намера предвреме да се повлече од функцијата за да ја преземе одговорноста за неуспесите на разузнавачките служби што спречија напад на палестинската милитантна група Хамас врз Израел во октомври 2023 година.

реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Read more

Свет

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

Read more

Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса

Read more

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Read more

Зеленски: Мировниот план е речиси готов

Read more
 

Вести

Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари

Читај повеќе

Трамп сака промена на режимот во Куба до крајот на годината

Читај повеќе

Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса

Читај повеќе

Кои се земјите што влегоа во Одборот за мир на Трамп?

Читај повеќе

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

Читај повеќе

Отруено бебе во Србија: По грешка наместо вода во шишето имало бензин

Читај повеќе

Зеленски: Мировниот план е речиси готов

Читај повеќе

Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Читај повеќе

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Читај повеќе