Разрешување на обвинителката Фетаи побараа роднините на обвинетите во „Мoнструм“

Погрдни зборови за обвинителката Фатиме Фетаи, скандирање УЧК, барања да се разреши Фетаи и меѓународната заедница да интервенира за да има правда во „Монструм“, каде според демонстрантите, се гонат невини луѓе, беа упатени на денешниот протест за овој случај.

Протестот почна од паркот во Чаир, а пристапот на демонстрантите до зградата на Јавното обвинителство беше блокиран од силното полициско присуство, па крајната дестинација на демонстрантите беше соседната зграда на Министерството за надворешни работи.

Протестниот марш следи откако во завршните зборови во повторениот судски процес обвинителката Фатиме Фетаи остана на обвинението дека во случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро станува збор за тероризам.

Ситуацијата на момент ескалираше и можеше да се забележи чад, најверојатно од фрлање димни бомби во правец кон зградите на МНР.  Набргу реагираа организаторите, па демонстрантите се повлекоа и протестот заврши.

Бедри Ајдари од иницијативниот одбор на протестите изјави дека бараат само да се спроведуваат актуелните закони кои важат во нашата земја.

„Знаеме дека правниот систем во Македонија од поодамна е корумпиран и се озборува и во Европа и насекаде. Имаме примедби и од Прибе од сите луѓе кои доаѓаат и ни кажуваат дека не ви работи и не ви чини правниот систем. Не дека мене не ми чини. Значи, ако јас сум само како единец незадоволен тоа не значи дека тоа значи нешто. Апсолутно кога некој ти дава примедби, укази, прецизирања итн. значи дека нешто не е во ред. Сите овие луѓе кои се собраа не дојдоа затоа што јас сум со некакво име или многу познат глумец или нешто друго. Сите тие луѓе веруваат дека тука треба правда и само правда за сите политички монтирани случаи, а знаеме дека не се малку, но знаеме дека не се малку и кај македонската страна и кои луѓе се таргетирани од системот. Јас реков има црна рака која оперира во сите системи, значи тоа е системот на држава кој работи под сенка“, рече тој.

Ајдари истакна дека некој наредил да се убијат пет македонски државјани коишто се од македонска националност, за да ги најдат и да ги обвинуваат Албанците за, како што рече тој, да се држи некаков можеби контролиран конфликт.

„Сликата што ја покажав на г. Раде Марковиќ истото се случи во Пеќ ми се чини 1998 година кога тој наредил да се убијат српски деца, самиот е Србин, и да им се припише делото на Албанците. Ме сфаќате? И тука некој наредил да се убијат пет македонски државјани коишто се од македонска националност за да ги најдат после и да ги обвинуваат Албанците, да се држи некаков можеби контролиран конфликт. Значи, за да имаш повод треба да има нешто. Ние сме граѓани од пра-прадедо, тука сме од Македонија, не сме имале никогаш проблеми ни со комшии, ни со Македонци, ни со никого. Од нашите семејства не сме едуцирани да убиваме некого, а најмалку да направиме терористички чин, рече Ајдари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе