Разубавете го домот со овие цвеќиња, ќе ви возвратат со чистење на токсините

Со растенија во домот ќе се наградите себе си и вашите најблиски со нешто што носи своја приказна, атмосфера, мирис, енергија и убавина. Растението можете да го подарите и на личноста што ви се допаѓа, бидејќи секој дом ќе биде разубавен со ново растение, зачин или барем само цвет.

Како што вашите растенија го збогатуваат вашиот дом и живот, така треба и вие нив. Редовно полевајте ги, ставете ги во близина на доволно светло и на температура која им одговара. Исчистете им ги листовите од прашина и понекогаш шепнете им некој убав збор.

1. Јазик на свекрвата (Dracaena trifasciata)

Ова е растение со долгнавести и месести исправени лисја, порано познато како Sansevieria trifasciata. Од воздухот ги прочистува бензенот, формалдехидот и трихлоретиленот. Не бара многу за одржување, добро поднесува сонце и сенка, а можете да го чувате блиску до радијаторот бидејќи не сака многу влага. Освен што ги отстранува токсините, одличен е и за спалната соба бидејќи произведува и кислород во текот на ноќта.

2. Гербера (Gerbera)

Герберата го чисти просторот од азот, бензен и формалдехид. Овој цвет е со прекрасни бои и добро ги впива штетните состојки кои се наоѓаат во чадот од цигарите. Постојат околу 100 различни видови гербери, а најзастапени се жолтата, розовата, црвената, портокаловата и белата. Не му треба многу грижа, сака сончеви места и поднесува голема топлина. Треба само да го полевате доволно и да дозволите да го разубави просторот.

3. Драцена (Dracaena)

Тропско растение кое потекнува од Мадагаскар и филтрира многу токсини, вклучувајќи го и формалдехидот. Директна светлина, провев и студ не му одговараат. Доколку условите дозволуваат, драцената може да порасне и до три метри и да го украси секој дом со својот волшебен изглед.

4. Алое вера (Aloe vera)

Алоето голта различни штетни соединенија од воздухот, вклучително и зрачењето од ТВ екраните и компјутерските монитори. Освен тоа, неговите лисја може да се користат за лекување на изгореници и за правење разни корисни состојки за кожата. Едно алое постигнува колку девет биолошки прочистувачи на воздух.

5. Бамбусова палма (Chamaedorea elegans)

Ова е тропско растение и едно од најдобрите зелени прочистувачи на воздухот. Совршено филтрира формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен. Не треба да стои директно на сонце, но сепак треба да му се обезбеди доволно светлина. Посебниот шарм на ова растение е тоа што неговиот изглед секогаш потсетува на топла летна атмосфера и тоа што неговите лисја не се опасни за мачките.

6. Крин на мирот (Spathiphyllum)

Мировниот крин е домашно растение кое се храни со штетно зрачење и затоа неговото идеално место е до телевизор или компјутерски монитор. Апсорбира бензен, формалдехид, трихлоретилен, амонијак, ксилен и толуен, што во многу мали количини може да предизвика гадење и замор.

Кај елегантниот спатифилум, треба да се внимава на неговиот отровен сок бидејќи предизвикува иритација во контакт со кожата, а доколку се проголтаат делови од растението, тоа ќе предизвика стомачни болки, затоа треба да се внимава со малите деца и домашните миленици.

7. Бршлен (Hedera helix)

Бршлен е „планинар“ кој обично расте околу куќите, а може да се негува и како домашно растение. Бршленот отстранува 60% од мувлата од воздухот и 58% од фекалните честички за само 6 часа од ставањето во просторот.

8. Фикус (Ficus)

Зимзелено растение кое потекнува од Индија. Поради својот тропски изглед, прекрасно ќе го украси вашиот дом, а во исто време ефикасно ќе ги отстрани моноксидот, формалдехидот и другите соединенија од воздухот. Лисјата обично му се широки, темнозелени и сјајни, па затоа треба да се чистат од прашина за да се зачуваат нивниот сјај.

На фикусот му треба малку свтелина, редовно наводнување и ѓубриво, но нема да овене ако го оставите во сенка и понекогаш го прескокнете наводнувањето. Но, внимавајте ако имате мали деца или домашни миленици бидејќи листовите можат да бидат отровни.

Растенија кои носат благосостојба и здравје

Орхидеја на трпезариската маса, според фенг шуи експертите, носи богатство. Ако сакате да привлечете среќа, ставете било кое растение со црвени цветови на левата страна од влезната врата. Ставете цвет од сончоглед во задниот дел на канцеларискиот простор. Според фенг шуи, ова е област на славата.

Виолетова орхидеја во средината на трпезариската маса ќе привлече богатство. Зелените растенија носат здравје и виталност. Ако се опоравувате од некоја болест, ставете ја во спалната соба.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

  • filter

Четири одлични совети: Слабеењето може да биде успешно и без одење во теретана

Читај повеќе

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе