Разумни трансфери: Манчестер Јунајтед
YouTube каналот за Tifo Football презентира информативни, илустрирани фудбалски анализи. Во најновиот серијал „Разумни трансфери“ ги анализира најдобрите варијанти за трансфери кои ќе им годат на клубовите, финансиски и организациски.
Дојде редот на Манчестер Јунајтед, каде динамиката на регрутација е подобрена во изминативе години, но на клубот сепак му недостигаат играчи во критични области и ќе мора да ги пополни овие дупки ако сака да игра на врвното ниво на кое се потпираат навивачите.