Рбјаков: САД добро да размислат за последиците од напад врз Иран

Москва, 21 јуни 2019 (МИА) – Русија ги обвини САД дека намерно предизвикуваат опасни тензии со Иран и ја туркаат ситуацијата на раб од војна.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рбјаков упати апел до Вашингтон да размисли за напад врз Иран и да ги согледа сите последици од отворен судир со Исламската Република.

Тој, веста дека американскиот претседател Доналд Трамп издал па ја повлекол наредбата за воен напад врз Иран, ја оцени како „доказ дека работите излегле од контрола“.

„Њујорк тајмс“ објави дека Трамп утрово одобрил воен напад врз Иран во знак на одмазда за соборувањето на беспилотното летало вредно 130 милиони долари, но ја анулирал наредбата додека авионите биле во воздух.

– Трамп нареди напад врз Иран, ги подигна авионите, но се откажа во последен час, објави „Њујорк Тајмс“.

Потоа се огласија претставници на иранските власти, кои тврдат дека Трамп преку Оман ги предупредил дека САД е подготвена за напад.

– Трамп во својата порака рече дека е против војна со Иран и оти сака да разговара со Техеран за различни прашања даде краток временски период за наш одговор, но непосредниот одговор од Иран беше дека Врховниот лидер (Ајатолахот Али) Хамнеи треба да одлучи за ова прашање. Објаснивме дека лидерот е против какви било разговори, но ја проследивме пораката до него за да донесе одлука. Сепак на претставникот од Оман му кажавме дека каков било напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици, тврди неименуван ирански претставник. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе