Реакции и закани од Русија по најавата на Финска за членство во НАТО

По најавата на Финска дека ќе бара членство во НАТО уследија реакции од официјална Москва.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александр Грушко, изјави дека Москва ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распореди нуклеарни сили и инфраструктура во близина на границата со Русија.

– Ќе биде потребно да се одговори… со преземање на соодветни мерки на внимателност кои ќе обезбедат одвраќање, истакна Грушко.

Тој додаде дека не гледа „реални причини“ зошто Финска и Шведска сакаат да ѝ се придружат на Северноатлантската алијанса…

Додека потпретседателот на Одборот за одбрана во Думата, Алексеј Жураљов, истакна дека Русија може да ја збрише Финска од лицето на Земјата за 10 секунди.

Тој му се закани и на Обединетото Кралство, наведувајќи дека на руските нуклеарни проектили им треба 3 минути да стигнат до Островот.

– Американците ќе направат сѐ за да дојде до трета светска војна. Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во конфликт со Русија, ќе се обидат да ја запалат ситуацијата во Азија и да размрдаат што е можно повеќе земји. Тоа ќе биде одличен начин за да се извлечат од внатрешната економска криза. За сите проблеми ќе ја обвинат војната, како што правеа во Првата и во Втората светска војна, наведе Жураљов.

На прашањето дали е можно Русија прва да нападне со атомска бомба, тој одговори: „Секако, но под услов ако се доведе во прашање самото постоење на Русија“.

Тој им се закани и на балтичките земји.

– Ние дефинитивно не се плашиме од тие кикиритки држави. Тие се како смрдливи бубачки, ќе треба да се згазнат кога ќе биде нужно. Сега бубачките се мали и смрдливи, посочи Жураљов.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе