Реакции на новиот договор меѓу Путин и Ким: НАТО е загрижена, САД молчат

Северна Кореја и Русија ветија дека ќе си пружат итна воена помош во случај некој од нив да биде нападнат, се вели во текстот на историскиот договор што Пјонгјанг го објави денеска, по посетата на рускиот претседател Владимир Путин.

Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост за договорот, Белата куќа се уште не коментира, додека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека пактот покажува дека авторитарните сили се обединуваат.

Неколку часа откако Владимир Путин пристигна во неговата следна дестинација, Виетнам, севернокорејските државни медиуми го објавија „Сеопфатен договор за стратешко партнерство“, што практично го оживува договорот за заемна одбрана од 1960-тите.

Член 4: „Во случај на инвазија, другата земја веднаш ќе ги искористи сите расположливи средства“

Договорот, кој Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го потпишаа во средата, претставува еден од најзначајните потези на Москва во Азија во последниве години. Путин минатиот месец ја посети Кина, веднаш откако по петти пат положи заклетва како руски претседател.

„Доколку на едната страна ѝ се заканува вооружена инвазија и е во воена состојба, другата страна веднаш ќе ги искористи сите расположливи средства за да обезбеди воена и друга помош во согласност со член 51 од Повелбата на Обединетите нации и со законите на секоја земја“ стои во четвртиот член од договорот.

Членот 51 од Повелбата на ОН го гарантира правото на земјата-членка да дејствува индивидуално или колективно во самоодбрана.

„Борбата против хегемонистичката политика на Западот, особено на САД“

Ким ја повтори изјавата на Путин која експлицитно го поврзува нивното зајакнување на врските со борбата против „хегемонистичката и империјалистичка“ политика на Западот, особено на Соединетите Американски Држави, вклучително и нејзината поддршка за Украина.

Не е јасно како договорот ќе влијае на руската војна против Украина, која започна со инвазијата во февруари 2022 година.

Вашингтон и Сеул се повеќе се вознемирени од продлабочувањето на воените врски меѓу Русија и Северна Кореја и ги обвинија за кршење на меѓународното право поради трговијата со оружје што Русија ја користи во Украина.

Украинските власти соопштија дека пронашле остатоци од севернокорејски проектили во нивната земја.

Русија и Северна Кореја негираат трговија со оружје

Договорот меѓу лидерите на двете земји, кои се соочуваат со зголемена меѓународна изолација, дојде откако САД и нивните азиски сојузници изразија загриженост за степенот до кој Русија ќе ја поддржи Северна Кореја, единствената земја што тестираше нуклеарно оружје овој век.

Во текстот на договорот се наведува и дека ниту една страна нема да потпише договор со трета земја што би ги загрозила интересите на другата и дека нема да дозволи нејзината територија да биде искористена од која било трета земја за да ја поткопа безбедноста и суверенитетот на другата, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.

Двете земји заеднички ќе преземат мерки за „зајакнување на одбранбените капацитети со цел да се спречи војна и да се обезбеди регионален и меѓународен мир и безбедност“, објави агенцијата KCNA.

Јапонија и Јужна Кореја се сериозно загрижени

Јапонија изрази „сериозна загриженост“ поради ветувањето на Путин дека нема да ја исклучи соработката со Пјонгјанг на полето на воената технологија.

Јужна Кореја соопшти дека жали што договорот содржи ветување за „воено-технолошка соработка“, што ќе ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН за програмите за оружје на Северна Кореја.

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека Русија, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, дозволила „најбесрамно откажување“ на сите санкции наметнати на Северна Кореја за да го запре развојот на оружјето.

Во својата прва посета на Пјонгјанг од 2000 година, Путин му се заблагодари на Ким за неговата поддршка за руската политика, а Ким ја потврди „безусловната“ и непоколеблива поддршка за „сите политики на Русија“, вклучително и војната на Путин против Украина.

KCNA денеска го објави целосниот текст на договорот, кој предвидува и соработка во областите на нуклеарната енергија, истражувањето на вселената, храната и енергетската безбедност.

реклама

Свет

Орбан: Фицо и Трамп ги нападнаа затоа што се противат на војната

Read more

5 клучни точки од првиот говор на Трамп по обидот за атентат

Read more

И по Урсула-Урсула

Read more

Јужна Кореја го призна правото на здравствено осигурување на истополовите парови

Read more
 

Вести

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Читај повеќе

Орбан: Фицо и Трамп ги нападнаа затоа што се противат на војната

Читај повеќе

Побарувачката за струја е зголемена поради топлотните бранови

Читај повеќе

„Визер“ предупредува: Патниците денеска да пристигнуваат на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет

Читај повеќе

Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Лесковац

Читај повеќе

Сончево и многу топло, од утре опаѓање на температурите

Читај повеќе

Рекорден број повици на 112 од постоењето на бројот за итни случаи

Читај повеќе

Пад на акциите од технолошкиот сектор на Волстрит

Читај повеќе