Реакции по признанието на официјален Ријад дека Кашоги бил убиен

Скопје, 20 октомври 2018 (МИА) – Признанието на официјален Ријад дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, предизвика реакции од страна на повеќе западни земји и организации.

Велика Британија најави дека ќе размисли за „следните чекори“, по првото официјално признание од страна на Саудиска Арабија дека Кашоги повеќе не е жив, иако две недели тврдеше дека нема никаква врска со неговото исчезнување.

– Го изразуваме нашето сочувство до семејството на Џамал Кашоги по потврдата за неговата смрт. Ги разгледуваме саудиското соопштение и нашите следни чекори, соопшти британското Министерство за надворешни рабти, додавајќи дека треба да се побара одговорност од виновниците за оваа „ужасна постапка“.

Холандскиот премиер Марк Руте побара натамошна истрага за смртта на Кашоги, оценувајќи дека засега многу работи остануваат нејасни.

– Што се случило? Како починал? Кој е одговорен? Очекувам и се надевам дека колку што е можно поскоро ќе бидат разјаснети сите факти, изјави Руте.

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен, пак, ја обвини Саудиска Арабија дека не ја кажала целата вистина за смртта на Кашоги.

– Самиот факт дека Саудијците дури сега ја потврдија неговата смрт, откако претходно објаснуваа дека тој го напуштил Конзулатот жив, укажува дека ние не ја знаеме целата вистина и должни сме да настојуваме да ја дознаеме, изјави Расмусен.

Шпанската Влада соопшти дека е „запрепастена“ од информациите за смртта на Кашоги и повика на детална и транспарентна истрага, со цел пред лицето на правдата да бидат изведени „одговорните за инцидентот“.

Организацијата Репотери без гранци повика да не се прави никаков компромис со Ријад околу убиството на Кашоги, бидејќи „секој компромис би значел давање дозвола за убивање“.

– Секој обид да се намали притисокот врз Саудиска Арабија и да се прифати политиката на компромис ќе има како последица давање „дозвола за убивање“ на една монархија, која затвора, камшикува, киднапира и дури и убива новинари, кои ќе се осудат да истражуваат и да покренат дебати, изјави генералниот секретар на Репотери без граници, Кристоф Долоар.

На Кашоги, кој беше новинар на весникот „The Washington Post“, му се загуби секаква трага откако на 2 октомври влезе во Саудискиот конзулат во Истанбул за да набави документи што му биле потреби за венчавање со турска државјанка.

Саудиските власти досега тврдеа дека Кашоги жив го напуштил Конзулатот, иако Турција тврдеше дека има докази оти новинарот е убиен во зградата на дипломатското претставништво.

Меѓутоа, Ријад сега соопшти дека води истрага во врска со „убиството на Кашоги“, при што веќе биле уапсени 18 Саудијци, како и дека поради овој случај од своите должности биле разрешени советникот на Кралскиот суд, Сауд ал Катани и заменик-директорот на саудиската разузнавачка служба Ахмед Асири.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе