Реакции во Србија по литургијата на помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА

Позитивни реакции во сите срспки медиуми и јавноста по одржување на литургијата на помирување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, за што сведочи и присуството на повеќе илјади верници кои беа на овој чин во Соборниот храм Свети Сава во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Сите значајни медиуми во Србија вчера, преку директен пренос или специјални емисии и коментари во ударните наслови ја проследија вчерашната литургија на помирување на двете цркви со позитивни конотации на овој чин, истакнувајќи го како „Помирување по 55 години раскол“ па сѐ до насловите како „По пат на единство, до конечно решавање на статусот“ и „Ставена точка на судирот на СПЦ со МПЦ“, со назнака дека во сите текстови ја немаше придавката за нашата црква како „расколничка“, што беше редовна практика до одржување на зедничката литургија.

По прв пат на официјалната веб-страница на СПЦ беше објавена, и тоа во целост, вчерашната беседа на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан со наслов: „Архиепископ Стефан: Покажавме заедништво во најсветото, во крвта и телото Христово“.

Во краткиот коментар за МИА, адокатот и политичар од СПС, битолчанецот Тома Фила, кој е и член на епархијскиот совет на Архиепископијата белградско-карловачка на СПЦ, позитивно го оцени целиот процес на литургиското помирување со МПЦ-ОА, нагласувајќи дека „огромно мнозинство на Соборот на СПЦ бил за оваа одлука“ и дека „работите ќе се движат во позитивна насока“.

Денеска стигна и реакција од Белградскиот католички надбискуп Станислав Хочевар кој испрати писмо до поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије во кое изразува „радост поради литургијата за помирување со Охридската архиепископија“.

– Радувајќи се на троединиот Бог, Ви честитаме Вам, Ваша светост, како и на сите архиереи собрани на Соборот. Посакувајќи ви посебен Божји благослов и сила на духот од висините, братски ве поздравуваме, вели Хочевар.

Од реакциите на политичарите, покрај присуството на самата литургија на министерот за иновации во српската влада Ненад Поповиќ, ја бележиме и изјавата на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, близок до СПЦ, кој изјави дека со литургијата на СПЦ и МПЦ-ОА „надминат е единствениот спор со Македонците“.

– Несомнено е дека на ова претходеле сериозни црковни и дипломатски активности. Неговата светост патријархот Порфирије, очигледно, во неколку наврати се сретнал со врвот на македонската црква и сето ова е добро подготвено. На Соборот имаше само одлука која немаше да биде возможна да не беше добро подготвена… Ова е еден од ретките спорови што ги имаме со Македонците, кој е надминат на овој начин. Ова е добра вест и зборува за фактот дека патријархот Порфирије на еден начин ја води Црквата, се грижи за единството, за хармонијата и за некои вистински христијански вредности, изјави Обрадовиќ.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе