Реакција на Билјана Црвенковска: Кутрото сираче – книжевноста за деца

Александра Спасеска
/ 25.02.2021 / 09:14

Писателката на литература за деца Билјана Црвенковска преку социјалните мрежи се огласи по објавувањето на резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, што беа соопштени вчера од Министерството за култура.

Фото: Игор Тодоровски

Црвенковска се осврнува на континуираното немање дослух за потребата од квалитетна литература за деца и го отвора прашањето за тоа кои се навистина приритетите во стратегијата на Министерството.

Нејзината реакција ја објавуваме во целост.

Кутрото сираче – книжевноста за деца

Уште на почетокот на мандатот на Роберт Алаѓозовски како министер за култура, кога се дискутираше за тогашната нацрт стратегија за култура, бевме повикани на дебата од страна на министерството. Дебатата не беше особено конструктивна, зашто некои од нашите колеги издавачи се фаќаа за дрвјата, а не сакаа да ја видат шумата, но уште тогаш поставив едно прашање.

Прашањето се однесуваше на една точка во стратегијата – приоритет на книжевноста за деца. Прашав на што се однесува таа точка и што точно подразбира зборот „приоритет“? Дали се однесува на квантитет или на квалитет, оти е сосема различно. Дали конечно ќе почне да се препознава добрата книжевност за деца и колку таа чини да се создаде. Со ова второво мислам на конкретни средства да се финансираат хонорари за двајца подеднакво вредни автори (авторот на идејата и текстот и авторот на илустрациите), да се плати печатење на книгата кое обично чини двојно одошто да испечатиш роман од 250 страници (или дури три пати повеќе одошто да испечатиш збирка поезија). Каде е тука дизајнерот (мора да го има), а дизајнот не подразбира само обично редење текст. Тогаш верувам дека некои од присутните (и од колегите, и од министерството) ме разбраа што прашувам и се согласија со мене.

Сепак, и покрај тоа што годинешниве резултати од конкурсот на Министерството за култура покажуваат дека книжевноста за деца е доволно застапена, таа повторно не е вреднувана на соодветен начин (квалитативно, не квантитативно). Да појаснам: првенствено, ставена е на крајот на табелата, издвоена од другите книги, како кутро сираче. Дополнително, средствата кои се доделувани за книгите за деца се двојно помали одошто оние за роман или за збирка поезија. Верувам дека добар дел од бројните одобрени книги за деца и не треба да добијат повеќе од тие средства, но она што ме поразува е континуираното потценување на уметничката вредност на оваа книжевност, што е присутно не само кај оние што ги даваат средствата (во овој случај Министерството и конкретните членови на комисиите што одлучуваат за тоа), туку и кај колегите писатели. Да не заборавиме дека имаме само една награда за книжевност за деца, тоа е Ванчо Николески, а немаме воопшто никакво вреднување за трудот на илустраторите.

Трето, од доделените средства (речиси идентични кај сите издавачи) не се прави разлика помеѓу форматот и спецификацијата на книгата (исти средства добиле книги со тврд и мек повез, со 40 и 80 страници во боја), помеѓу тоа дали авторот и илустраторот се веќе искусни во областа, и секако, дали темата која ја обработуваат и самиот текст имаат посериозна книжевна вредност и се дефицитарни како тип на литература или пак се (да цитирам еден пријател) уште една приказна за кокошките на баба во дворот.

Повторно ќе речам, не се работи за квантитет, сметам дека се одобрени и повеќе книги за деца одошто, можеби, треба да се одобрат во една година. Прашањето е какви книги се одобрени (а какви не, оти знам за неколку одлични, оригинални изданија – не само во Чудна шума, туку и кај други издавачи - што не се најдоа на листата), како се вреднувани и зошто се сите вреднувани речиси исто. Зошто и понатаму книжевноста за деца е кутрата Пепелашка оставена настрана?

Се надевам дека некој ќе го прочита ова и дека ќе го земе предвид за следниот конкурс, и при формирањето на комисијата (да се избере барем еден член кој е во тек со книжевноста за деца, а ги разбира и продукциските трошоци за овие книги) и при вреднувањето на книжевноста за деца, но и дека ќе се потегнат дебати и меѓу писателите и меѓу издавачите на овие теми.

 

Билјана Црвенковска е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и во истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com).

Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, но и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи за деца: „Што сонуваше Дедо Мраз“, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „ТКЦП: Канџа во мракот“, „ТКЦП: Замокот на илјада мачки“, „ТКЦП: Мисијата Црно прасе“ и „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“. Автор е на многубројни сликовници и книги со активности, особено на сликовниците од серијалот „Светот на Биби“, графичката новела „Девојчето кое танцуваше со пролетта“, на стручниот труд од областа на семиотиката: „Митски лавиринт: патување низ митските слики“, како и на повеќе песни, раскази, научни есеи и трудови, театарски критики, новинарски текстови и колумни.

Нејзин прв роман за возрасни е „Девет приказни за госпоѓица Сит“, со кој влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе