Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев за МИА

После 11 месеци само Заев, Вицето и нивните соработници може да бидат задоволни од тоа каде биле, а каде се сега. Само Заев, Вицето, Анѓушев и функционерите на СДСМ може да бидат задоволни од тоа што Македонија тоне во корупција, се качуваат акцизите, расте криминалот и рекетот, а народот осиромашува.

Впрочем после 10 месеци Заев наместо одговорност за барање поткуп од едно евро по квадрат, сега го реформира судството и си ги вика обвинителите на кафе.

Лекцијата за која Заев може да говори е како да се оштети државата за 8 милиони евра и потоа да се издејствува амнестија. Како да се спроведуваат тендери и криминални договори од општината со своите бизнис партнери, роднини и братучеди.

Економијата на Заев доживува фијаско, а тоа се гледа по едноставниот факт што граѓаните оваа година во првите три месеци потрошиле 45 милиони евра помалку споредено со лани, што значи дека народот нема пари. Тоа значи дека паѓаат во вода сите негови фалби во екомијата чии бенефити ги гледа само кланот на власт.

Единствените проекти со кои Заев се пофали се оние наследените од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, било тоа да се патиштата, било да се инвестициите, или енергетските проекти. Билансот на нови капитални инвестиции е нула. И она што се троши за капитални расходи е помалку од минатата година, а тоа е така затоа што освен тоа што нема нови проекти стотина започнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ се во застој или прекинати.

Што се однесува до надворешната политика Зоран Заев е должен да објасни две работи: на што го темели својот оптимизам за името и ако вели дека ги штити државните интереси, тогаш која е причината поради која споменува крај на политичката кариера. Дали тоа значи дека ќе донесе решение спротивно на волјата на мнозинството. Решение кое нема да е прифатливо за народот, па затоа е сведен дека тоа ќе е крај на неговата кариера. Второ дали воопшто разбира дека неговата кариера е безмислена и без никаква вредност за народот споредбено со важноста од достоинствено решение за името.

Во право е Заев дека последиците од некаква грешка и непринципиелни отстапки во преговорите со Грција би ги чувствувале и плаќале сите, но одговорноста е само негова, затоа што тој продожува лично да се коцка со највисоките национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од Заев секогаш ќе биде на страна на Македонија и народот и во одбрана на нивните интереси.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе