Роберт Левандовски е добитник на наградата на ФИФА за најдобар играч за 2020 година, победувајќи ги Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Напаѓачот на Баерн постигна 60 гола на 52 натпревари и освои сѐ што можеше да се освои со Баерн, а ТУКА можете да проверите како гласаа капитените и селекторите на националните тимови, како и новинарите, вклучувајќи ги и македонските претставници.
Меси, на пример, не му дал ниту еден бод на Роналдо, туку гласал за Нејмар, Килјан Мбапе и за Левандовски. Роналдо, пак, гласал за Левандовски, Меси и Мбапе. Победникот Лева гласал за Тијаго Алкантара, Нејмар и Кевин де Брујне.
Во моментот кога Полјакот беше прогласен за победник на виртуелната церемонија во Цирих, камерите го фатија изразот на Роналдо, кој е просто бесценет.
Ѕвездата на Јувентус, се чини, имаше многу поголеми очекувања, но наградата заслужено му припадна на Роберт Левандовски.