Останати спортови

Реакцијата на судија во ринг ја одушеви публиката во Тајланд

17. февруари 2020 - 16:07 | Б.С.Б.

Муаи таи е тајландски бокс, боречка вештина која содржи стоечки удари со наизменични клинч техники и е национален спорт во Тајланд. Во него се користат удари со тупаници, удари со нога, лакти и колена.

Настан организиран од Muay Hardcore во оваа боречка вештина неочекувано доби голем публицитет, па за него се пишува и надвор од границите на Тајланд.

На настанот внимание привлече борбата во која Нејмар Пеминбуре, имењак на славниот бразилски фудбалер на ПСЖ, доби ќотек и реакцијата на судијата. Противникот Со Соваратан го удри Нејмар со левиот лакот, а потоа и со десниот, па целосно го успа и нокаутира.

Нејмар падна како покосен, но реакцијата на судијата Сиричаи Иниеад привлече поголемо внимание. За да го ублажи падот на борачот тој го фати Нејмар за врат.

Потоа судијата го извади штитникот за заби од устата на Нејмар за да не се загуши, а неговата реакција доби пофалби на социјалните мрежи.

Судија за почит.

Коментирај