Реал го плати 63 милиони евра и го пушти бесплатно - сега доживеа нов удар во Милан

Италијанските медиуми го открија списокот на играчи на кои Милан ќе смета во натпреварите од Лигата на шампионите.

На таа листа го нема Лука Јовиќ. Тренерот на тимот, Пауло Фонсека, на таа листа не го вброи некогаш големиот талент на светскиот фудбал. Италијанските медиуми велат дека ова не е големо чудо, откако Милан во финишот на преодниот рок го доведе Тами Абрахам на позајмица од Рома.

Сезонава Јовиќ одигра 60 минути против Торино, четири минути против Парма, а против Лацио не играше поради болки во грбот. Не постигна гол, а не успеа ниту да асистира.

Промашување на Реал

За потсетување, Јовиќ дојде во Реал Мадрид од Ајнтрахт во 2019 година како 21-годишник со отштета од 63 милиони евра. Тоа значеше дека младиот српски напаѓач тогаш стана седмиот најскап играч во историјата на најголемиот клуб, по само една одлична сезона во врвниот фудбал.

Реал плати 18 милиони повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Лука Модриќ, Карим Бензема, Тибо Куртоа, Чаби Алонсо и Анхел Ди Марија го чинеа Реал по околу 35 милиони евра. За Реал одигра 51 натпревар и постигна само три гола.

На крајот, во септември 2022 година, Реал го пушти Јовиќ во Фиорентина, бесплатно, без обештетување, а само една година подоцна бесплатно пристигна во Милано. На 32 натпревари за гигантот од Сан Сиро постигна девет гола.

Ростерот на Милан во Лигата на шампионите, според италијанските медиуми:

Голмани: Мењон, Терачиано, Спортиело

Дефанзивци: Калабрија, Тео Ернандес, Емерсон Ројал, Томори, Тиау, Павловиќ, Габија

Играчи од средниот ред: Бенасер, Лофтус-Чик, Рајндерс, Фофана, Муса

Напаѓачи: Мората, Леао, Пулишиќ, Окафор, Чуквуезе, Абрахам.

реклама

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Фудбал

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Read more

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Read more
 

Спорт

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе