УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Реал и Челси финалистот ќе го одлучат во Лондон

Без победник заврши првиот полуфинален дуел кој синоќа се одигра во Мадрид, а мала предност има Челси поради голот постигнат на гости.

Првата сериозна шанса ја имаше Тимо Вернер чиј зицер голманот Тибо Куртоа успешно го одбрани.

Челси сепак прв поведе. Американецот Кристијан Пулишиќ во 14. минута го отвори резултатот кога го издрибла белгискиот голман и ја смести топката во домашната мрежата и покрај двајцата играчи кои стоеја на гол-линијата.

Пороен дожд потоа се појави од небото над Мадрид, кој очигледно повеќе им донесе среќа на домашните бидејќи во 29. минута Карим Бензема одлично се снајде во гостинскиот шестнаесетник и со атрактивен удар заби во англиската мрежа.

Во вториот дел дождот стивна, но замреа и шансите на „Алфредо ди Стефано“ стадионот во Мадрид и натпреварот заврши со оние два гола од првите 45 минути.

Реваншот помеѓу овие два тима е закажан за 5 мај (среда) од 21 часот на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон каде дефинитивно ќе биде познат овосезонскиот финалист.

Вечерва се игра и вториот полуфинален дуел од 21 часот на „Парк де Пренс“ во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Манчестер Сити.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе