Реал ја одбрани титулата, Роналдо заокружи 600 гола во кариерата

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа испишаа нова страница во историјата на Лигата на шампионите станувајќи првиот тим кој ја одбранил титулата откако елитното натпреварување се игра во ваков формат. Реал во финалето го декласира Јувентус со 4:1 (1:1).

Финалниот меч во Кардиф беше историско и по фактот дека е првото кое се играше со затворен покрив. Кристијано Роналдо стана првиот играч кој бил стрелец во три различни финалиња, а исто така го постигна 600. гол во кариерата, во сите натпреварувања.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо во 20. и 64. минута, Каземиро во 61. и Асенсио во 90. минута од натпреварот. Единствениот гол за Јувентус го постигна Манџукиќ во 27. минута.

Реал ја освои својата 12 титула европски првак, трета во последните четири години, додека Јувентус во своето деветто финале го доживеа седмиот пораз.

Јувентус беше тимот кој подобро влезе во натпреварот, поагресивно и офанзивно, поради што Кејлор Навас мораше да интервенира уште во третата минута. Најпрвин го одбрани ударот на Игуаин со глава, а две минути подоцна без проблеми се справи со обидот на Аргентинецот од 20 метри.

Кејлор Навас беше на висина на задачата и во десеттата минута, кога од десниот агол успеа да ја избие топката во корнер по обидот на Пјаниќ од работ на шеснаесетникот.

Реал воспостави контрола на теренот и ја презеде играта по 15 минути игра, а пет минути подоцна Буфон кој до тој момент немаш контакт со топката беше принуден на капитулација.

Крос повлече контранапад ја префрли топката на десната страна до Карвахал, овој одигра двојно со Кристијано Роналдо, кој шутираше од прва, на патот до голот топката малку го закачи Бонучи и заврши зад грбот на Буфон.

Португалецот го постигна 11. гол во сезоната, во Лигата на шампионите, деветти во нокаут фазата и стана првиот играч во историјата кој постигнал барем по гол во три различни финалиња (2008 за Манчестер Јунајтед и 2014 за Реал).

По примениот гол, Јувентус повторно тргна во офанзива, а седум минути подцна Манџукиќ израмни со спектакуларен гол.

Долго Јувентус ја градеше акцијата, Пјаниќ го проигра Алекс Сандро на левата страна, тој нафрли кон Игуаин кој со гради ја спушти до Манџукиќ, а хрватскиот репрезентативец со „фати“ волеј преку глава и го погоди спротивниот агол од голот на Навас.

Манџукиќ постигна еден од најубавите голови во историјата на финалните натпревари, но останува впечатокот дека Навас можеше и подбро да реагира.

За хрватскиот напаѓач ова беше втор гол во финалните мечеви, претходно беше стрелец за минхенски Баерн во 2013 година.

Реал по примениот гол делуваше индиспонирано, Јувентус го контролираше натпреварот, но до крајот на првиот дел не успеа да создаде некоја посериозна шанса за постигнување на гол.

Раритет е што во првото полувреме голманот на Јувентус Буфон немаше ниту една интервенција.

Вториот дел започна со офанзива на Реал, а Јувентус делуваше загубено на теренот. Реал високо притисна на половината на противникот, а првиот обид го имаше Модриќ во 55. минута, кој лесно го скроти Буфон.

Меѓутоа офанзивниот пристап ма Рела му донесе резултат во 61. минута. На повратната топка од Бензема, налета Каземиро упати силен удар, топката на патот кон голот удри во Кедира и заврши во мрежата.

Јувентус не се опорави од шокот по примениот гол, а го стигна нов, три минути подоцна. Крвахал и Модриќ комбинираа по десната страна, Хрватот нафрли, на на првата статива Кристијано Роналдо беше побрз од Кјелини за 3:1.

По третиот гол на Реал целосно падна темпото на играта, Бејл имаше шанса во 75. минута, но Бунучи успеа да интервенира во последен момент.

Во 82. минута, Квадрадо наивно го доби вториот жолт картон. Колумбиецот во игра влезе 15 минути претходно.

Лемина имаше добра шанса во 83. минута но неговиот удар заврши крај голот на Кејлор Навас.

Конечниот резултат го постави Асенсио во последната минута. Реал ја преслика акцијата од третиот гол, само што овој пат се се одвиваше по левата страна, Марсело нафрли, а егзекутор беше Асенсио.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе