Реал ја врати титулата на Santiago Bernabéu

Фудбалерите на Реал по петгодишна пауза ја освоија титулата во шпанското првенство. На тронот Реал ја наследи Барселона која сезоната 2016/2017 ја заврши со три бода повеќе 93/90.

Реал во последното коло гостуваше во Малага и забележа победа 2:0. Сите дилеми дека Малага може да направи сензација паднаа во вода кога Кристијано Роналдо по само 100 секунди игра го постигна првиот гол. Конечните 2:0 ги постави Бензема по десет кинути игра во второто полувреме.

Во исто време Барселона со пресврт во последните 30 минути успеа да слави против Еибар 4:2. Гостите водеа со головите на Инуи, додека стрелци за Барселона беа Жунка со автогол, Суарез и два пати Меси.

Атлетико против Атлетик Билбао го одигра својот последен меч на „Винсенте Калдерон“. Тимот на Чоло Симеоне славеше 3:1, а првите два гола ги постигна клупската легенда 33-годишниот Фернадо Торес. Вилијамс намали на 2:! во 71.минута, а конечниот резултат го постави Анхел Кореа.

Атлетик Билбао остана без квалификациите во Лига Европа, бидејќи ривалот од Баскија Реал Сосиедад во 94.минута преку Хуанми постигна гол за 2:2 против Селта и го освои шестото место на табелата.

Директен пласман во Лигата на шампионите изборија Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, а во квалификациите ќе игра Севилја. Виљареал ќе игра во Лига Европа, а Реал Сосиедад ќе игра квалификации, додека од лигата испаднаа Гранада, Спортинг и Осасуна.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе