Реал Мадрид доби нов тренер

Мадрид, 12 јуни 2018 (МИА) – По заминувањето од тренерската позиција на Реал Мадрид, Зинедин Зидан остави вакуум што многу познати тренери одбија да го пополнат, имајќи ги предвид успесите и популарноста на Зидан.

Реал Мадрид денеска ја соопшти веста дека тренерот на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги, е новиот тренер на клубот.

„Белите“ објавија соопштение за неговото назначување, наведувајќи дека договорот ќе биде потпишан по Светското првенство во Русија и ќе трае три години.

Лопетеги (51) е поранешен голман, кој има одиграно само еден натпревар за Реал Мадрид од 1988-1991 година. Новиот ментор на „кралскиот“ клуб исто така играше за Барселона во периодот 1994-97, во кој запиша пет натпревари за Каталонците.

Тренерската кариера ја започна во репрезентацијата на Шпанија до 17 години, а потоа ги води Рајо Ваљекано, Реал Мадрид Б (2008-2009), репрезентациите на Шпанија до 19, 20 и 21 година, Порто (2014-16), а од 2016-та е на чело на сениорскиот тим на Шпанија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе