Реал Мадрид го допре дното

Мадрид, 19 мај 2019 (МИА) – Со нов пораз, Реал Мадрид стави точка на неговата кошмарна кампања и изедначи анти-рекорд. Во дуел од последното коло на Ла Лига, „лос бланкос“ му дозволија на Бетис да ги совлада со 2:0 среде „Сантијаго Бернабеу“.

Така мадриѓаните регистрираа 18-ти пораз во сезоната во 57 средби во сите натпреварувања, со што изедначуваат свое „достигнување“ од сезоната 1984/85 и 1995/96 година, кога исто го пречекуваат крајот со толку порази, но во помал број натпревари .

Сега Мадрид финишира на третото место во Ла Лига, но ризикува да заврши со рекордни 21 поен зад Барселона, ако подоцна шампионите го поразат Еибар.

Мечот во главниот град речиси сигурно беше последен за Герет Бејл во дресот на „кралевите“. Напаѓачот сепак мораше да истрпи ново понижување од страна на Зинедин Зидан, кој не го пушти во игра, туку го остави да ја „грее клупата“.

Друг кој речиси сигурно си заминува – Кејлор Навас, одигра одличен меч, откако не дозволи Бетис да забележи многу поголема победа. Голманот единствен заслужи аплаузи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more

Официјални состави: Милан - Интер

Read more

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Барса беше оштетена за гол на Ел Класико?

Читај повеќе