Фудбал
ЛА ЛИГА 2019/20

Реал Мадрид to Go Green против Еспањол

6. декември 2019 - 14:05 | Ф.З.

На утрешниот натпревар против каталонскиот клуб Реал Мадрид во знак на поддршка на борбата против климатските промени ќе игра во зелени дресови.

„Кралевите“ пред своите гледачи на „Сантјаго Бербабеу“ традиционално настапуваат во бели дресови, но утре ќе направат исклучок.

„Овој потег е дел од поддршката на клубот за иницијативата „Castellana Verde“ која се совпаѓа со 20-тата конвенција на Обединетите Нации за климатските промени (COP25)“, стои во официјалното известуваше на Реал Мадрид.

Навивачите кои ќе присуствуваaт на натпреварот ќе наидат на огромен банер долг 35,77 метри и висок 19,6 поставен на надворешниот дел од главната трибина. Мадриѓаните ќе го чуваaт банерот сѐ до крајот на конвенцијата за климатските промени која ќе заврши на 13 декември.

Коментирај