Реал Мадрид не се откажува од Ерлинг Холанд.
Пакојо Делгадо, новинар од Cadena SER во Мадрид, тврди дека Флорентино Перес го гледа Холанд како замена за Бензема и има план да го доведе.
„Перез има план да го донесе Холанд во Реал. Норвежанецот има отштетна клаузула во договорот со Манчестер Сити. Кога некој ќе ја плати таа сума на Сити, Норвежанецот може да го напушти клубот. Претседателот на Реал сака да има робот во својот клуб, а тој робот се вика Холанд“, тврди Делгадо.
Шпанските медиуми наведуваат дека норвешкиот напаѓач би можел да го напушти Манчестер Сити со обештетување од 200 милиони евра.
Холанд (22) минатата година пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, а Норвежанецот сезонава на 26 натпревари постигна 31 гол за англискиот клуб.