Шпанскиот шампион Реал Мадрид го освои првото издание на Ел Класико оваа сезона по победата од 3:1 на гостувањето кај Барселона во натпревар од 7. коло на Ла Лига.
Феде Валверде (5), Серхио Рамос (63 од пенал) и Лука Модриќ (90) погодија за „Лос бланкос“. Ансу Фати се запиша повторно за Каталонците.
Така, Реал се врати на најдобар можен начин по два последователни порази во рок од неколку дена, а проблемите на Барселона надвор од теренот се чини влијаат негативно на составот на Роналд Куман.
По натпреварот, Реал се искачи на првата позиција, додека Барса е на незавидното 10. место, но и со дуел помалку од денeшниот противник.