Реал Мадрид му дозволи на Марсело сам да решава за иднината во клубот

Иако е неизбежен дел од шампионската генерација на Реал Мадрид која беше доминантна во Европа во последните пет години, Марсело веќе некое време е центар на шпекулации за заминување од клубот. Шпанскиот гигант повеќе нема да му дава толку голема улога на Бразилецот, па затоа смисли одличен начин да ја реши неговата иднина.

Марсело беше дел од освојувањето на четири трофеи од Лигата на шампионите во изминатите пет години, но со заминувањето на Кристијано Роналдо, полека почна да се распаѓа „старата гарда“ во тимот и Бразилецот сѐ почесто се наоѓаше на клупата отколку во првата постава.

Левиот бек на Олимпик Лион, Ферланд Менди, е многу блиску до премин во Реал Мадрид, а неговиот трансфер ја загрозува позицијата на Марсело во тимот. Доколку Бразилецот реши да остане, ќе добие споредна улога, пишува шпанскиот весник Marca.

Поради овие причини, раководството на клубот му даде до знаење на Марсело дека тој има право сам да одлучува за неговата иднина и дека може да одбере дали ќе остане во Мадрид или пак ќе бара ангажман во некој друг клуб, во кој ќе добие поголема минутажа.

За услугите на Марсело е силно заинтересиран Јувентус, кој би сакал да го засили тимот со овој бразилски репрезентативец бидејќи Алекс Сандро, актуелниот првотимец на левата бековска позиција, би можел да си замине од клубот. Кристијано Роналдо и Марсело се многу блиски пријатели, па Португалецот би можел да има клучна улога во потенцијалниот трансфер.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе