Реал Мадрид подготвен да понуди 90 милиони евра за услугите на Ентони Марсијал

Поединечни британски медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид на крајот од актуелната сезона планира да понуди околу 90 милиони евра за фудбалерот на Манчестер Јунајтед Ентони Марсијал.

Откако ја загуби трката со ПСЖ за потписот на Килијан Мбапе, Реал сега го посакува Марсијал.

Тренерот на „Кралевите“ Зинедин Зидан верува дека неговиот 21-годишен сонародник Марсијал би можел да се прокламира во светска ѕвезда, односно дека совршено се вклопува во неговата визија.

Португалецот Кристијано Роналдо во февруари полни 33 години, Карим Бензема 30 во декември, 32 – годишниот Лука Модриќ, како и Герет Бејл се почесто имаат проблеми со повредите, па Зидан во својот тим сака да вметне младост и брзина. Тој смета дека Марсијал е ѕвезда која може да го води Реал во иднина.

Францускиот фудбалер е во форма оваа сезона, има голема самодоверба, постигна седум погодоци во 18 натпревари за Јунајтед оваа сезона, но местото во првиот тим се уште не му е загарантирано.

Тој често своите должности на теренот ги дели со напаѓачот Маркус Рашфорд.

Мурињо бара повеќе од Марсијал, а играчот покажува квалитети со кои може да стане најдобар од сите напаѓачи во клубот.

Интересот на Реал нема веднаш да внесе паника во редовите на клубот од „Олд Трафорд“, бидејќи Марсијал потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една сезона, кога во 2015 година пристигна од Монако за околу 65 милиони евра, но намерата Реал да доведе големи засилувања следната сезона е секако загрижувачка.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе