Реал Мадрид потврди: Маријано Дијас е позитивен на COVID-19

Доминиканскиот напаѓач е единствениот играч на „Кралевите“ кој на синоќешните тестови излегол позитивен.

Самиот клуб ја потврди оваа вест на клупската веб-страница. Реал Мадрид ги почна подготовките за последната мисија од оваа веќе предолга сезона, а тоа е Лигата на шампионите.

По тој повод синоќа сите фудбалери и стручниот штаб беа подложени на тестови за коронавирусот, а резултатите денес обелоденија само еден позитивен и тоа Доминиканецот Маријано Дијас.

Поради позитивниот тест, Дијас веднаш бил сместен во домашна самоизолација.

„Играчот е со одлично здравје и соработува со надлежните кога станува збор за почитувањето на протоколот“, соопштија од клубот.

„Се чувствувам одлично, фала му на Бога моето семејство и околината се исто така одлични. Сега се опоравувам дома и се надевам дека наскоро ќе се вратам во нормала и ќе бидам со моите соиграчи. Поздрав до сите“, изјави Маријано во стори на неговиот Instagram профил.

Со оглед на 14-дневниот карантин, Маријано Дијас отпаѓа од тимот за пресметката со Манчестер Сити во Лигата на шампиони на 7 август на „Итихад“. Тимот на Зидан брка негатина од 1:2 од првиот натпревар во Мадрид.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе