Фудбал

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Арсенал

21. ноември 2017 - 13:29 | М.Д.

Шампионот на Европа Реал Мадрид се вклучи во трката со Манчестер Сити и Парис Сен Жерман за ѕвездата на Арсенал Алексис Санчез.

Поранешниот член на Каталонците, наводно се наоѓа на мета на мадридскиот клуб и Перез е подготвен да издвои 30 милиони евра за неговите услуги.

Шпанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Реал Мадрид не сака да го чека крајот на сезоната кога на Санчез му истекува договорот со лондонскиот гигант, туку уште во јануари ќе се обиде да го доведе.

Реал сака да се засили во нападот, посебно бидејќи сметаат дека летото го испуштиле Килијан Мбапе кој го избра ПСЖ пред „Кралскиот клуб“.

Чилеанскиот напаѓач пред Арсенал три години настапуваше за најголемиот ривал на Реал, Барселона (2011 – 2014), и доколку се одлучи да се врати во Шпанија ќе биде еден од ретките фудбалери низ историјата кои ги носеле дресовите на овие два големи ривала.

Пред него тоа го сториле Луис Енрике, Михаел Лаудруп, Роберт Просинечки, Самуел Ето, Фиго и други.

Коментирај