Реал мора да продава играчи, Бејл на врвот на трансфер листата

Реал Мадрид летово за 298 милиони евра, без пресметани бонуси, ги донесе Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао, Ферланд Менди и Родриго Гоес, но мора да собере уште пари за да ги „испегла“ бројките.

„Кралскиот клуб“ мора и да продава играчи за да собере повеќе од 250 милиони евра, па така прв низ вратата излезе Маркос Љоренте кој замина во Атлетико за 30 милиони евра, а со една нога низ врата е Матео Ковачиќ кој треба да премине во Челси за 45 милиони евра.

Трансферот на Раул де Томас во Бенфика наводно наскоро ќе биде официјален, а ќе „тежи“ 20 милиони евра, а според најновите информации, францускиот бек Тео Ернандес можно е да премине во Милан за истата сума.

На тој начин Реал ќе заработи 115 милиони евра, а кон таа сума се очекува да се надоврзе и трансферот на Хамес Родригес кој наводно ќе замине во Наполи за 50 милиони евра.

На трансфер-листата се наоѓаат и Кејлор Навас, Иско, Лукас Васкез, Марко Асенсио и Гарет Бејл, а Флорентино Перес стави вето на продажбата на Дани Себаљос.

Реал на драго срце би го продал Бејл, за кого бара меѓу 80 и 100 милиони евра, но Велшанецот очигледно не се брза да си замине и ја одбива самата помисла за самоиницијативно заминување од клубот. Напротив, тој дава сигнали дека е подготвен да седи на клупа до крајот на договорот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе