Реал Мадрид е фаворит оваа сезона и се очекува да освои сè.
Во првенството водат жестока битка со Барселона, а се надеваат дека ќе ја одбранат титулата европски првак и ќе ја освојат 16-та Лига на шампиони и тоа во премиерното издание на новиот формат. Но, кралскиот клуб оваа сезона се бори со повреди.
Ова особено се однесува на дефанзивниот дел на тимот. Давид Алаба, Хесус Ваљехо, Дани Карвахал и Едер Милитао се повеќе или помалку надвор од комбинација, а италијанскиот стручњак Карло Анчелоти се бори во секое коло да организира функционална бековска линија.
Францускиот Le 10 Sport пишува дека затоа Реал планира нов мегатрансфер.
Според нивните извори, Реал силно сака веќе оваа зима да го доведе Вилијам Салиба, ѕвездата на Арсенал и француската репрезентација. 23-годишниот стопер брзо се наметна како член на првиот тим на Топчите и еден од најдобрите дефанзивци во англиската Премиер лига. Тренерот на Реал е негов голем фан, наведува истиот весник.
Transfermarkt го цени на 80 милиони евра, а француските медиуми пишуваат дека токму тоа е почетната точка на преговорите што се однесува до Реал. Но шпанскиот гигант веројатно би требало да плати многу повеќе од споменатата сума.
Салиба ја започна својата кариера во Сен Етјен од каде во 2019 година се пресели во Арсенал за 12 милиони евра. Играше како позајмен во Марсеј и Ница, а за лондонскиот клуб има 92 настапи на кои постигна пет гола и двапати им асистираше на соиграчите.