Фудбал
ЛА ЛИГА 2019/20

Реал славеше над Леванте, но за малку ќе испуштеше победа

14. септември 2019 - 15:00 | Ф.З.

Кралскиот клуб имаше водство од 3:0 на полувреме, но во вториот дел прими два гола и се доведе во ситуација да стравува за победата која првично изгледаше обезбедена.

Со двата гола на Карим Бензема во 25-тата и 31-вата минута, а потоа и оној на Каземиру во 40-тата, Реал Мадрид замина на пауза со убедливи 3:0 против Леванте.

Но, по само четири минути во вториот дел гостите намалија на 3:1 преку поранешниот играч на Реал, Борха Мајорал.

Во 56-тата минута во игра кај Леванте влезе нашиот Енис Барди, а во 75-тата гостите стигнаа на само минус еден откако со глава погоди Гонсало Мелеро.

Сепак гостите не успеаја да постигнат и трет гол за изненадување, па Реал ги собра планираните три бода.

Во овој натпревар деби за Реал забележа големото летно засилување Еден Азар кога во 60-тата минута влезе на местото на Каземиру.

Коментирај