Реал за спас на сезоната против расположениот ПСЖ, Ливерпул гостува кај Порто

Во осминафиналето од Лигата на шампионите вечерва не очекуваат две нови средби. Реал Мадрид на свој терен го пречекува ПСЖ, додека во ист термин од 20:45 часот силите ќе ги измерат Порто и Ливерпул.

Враќањето на Лигата на шампионите го одбележаа синоќашните натпревари меѓу Јувентус и Тотенхем (2:2), односно Базел и Манчестер Сити (0:4). За разлика од натпреварот во Базел, средбата во Торино понуди одлична фудбалска претстава и големо враќање на Тотенхем после дефицит од два гола разлика.

Реал Мадрид против ПСЖ, нова пресметка меѓу Роналдо и Нејмар

Голем натпревар не очекува во Мадрид, каде екипата на Реал ќе се обиде да ја спасува турбулентната сезона која почна одлично со освојување на европскиот и шпанскиот Супер куп, но потоа продолжи со серија лоши резултати во Ла Лига и Купот на кралевите. Практично, единствениот трофеј на кој Реал може да се надева до крајот на сезоната е токму оној од ЛШ, каде лани го одбрани насловот шампион во минатата година и така стана првиот клуб на кој тоа му успеало од кога ЛШ го носи ова име.

Но, спасување на сезоната против расположените Нејмар и ПСЖ, кои мелат се пред себе, нема да биде воопшто лесно. Нејмар повторно ќе игра против Роналдо и сигурно дека ќе гледаме одлични дуели и необични магии со топката на овие двајца мајстори на оваа игра.

ПСЖ повторно доби тежок противник во ЛШ уште во раната нокаут фаза, но Унај Емери истакна дека верува во тимот, за кој смета дека има карактер и моќ да го добие големиот Реал.

Како и да е не очекува огромен двомеч, во кој секако Роналдо и Нејмар се главните актери и оние кои ќе бидат постојано во центарот на вниманието.

Порто ќе се обиде да ги изненади Клоп и Ливерпул

Порто не знае за пораз во португалското првенство, а пласман во нокаут фазата од ЛШ избори откако заврши втор во една изедначена група, заедно со Бешикташ кој заврши како прв.

Ливерпул ја има улогата фаворит, па јасно е дека Порто нема што да брани и со сите сили ќе се обиде да го изненади тимот на Клоп.

Најголем проблем на Ливерпул е одбраната, но огромна предност пак им е нападот каде ги имаат  феноменалните Салах и Фирмино, а со нив и е Садио Мане.

Не очекува уште една возбудлива вечер од Лигата на шампионите, па се надеваме на многу погодоци и возбудливи резултати пред реваншите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе