Фудбал

Ребиќ нема да игра на пет натпревари

21. септември 2019 - 14:25 | М.С.
Хрватскиот фудбалер и нов член на Милан, Анте Ребиќ е суспендиран на пет натпревари.
 
УЕФА го суспендираше Ребиќ за дури пет натпревари заради навреда на судијата за време на неговиот последен натпревар во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.
 
Ребиќ доби црвен картон во плеј-офот во Лигата на Европа за време на натпреварот Ајнтрахт и Стразбур на 29 август. Тој целосно ја загуби контролата, упатуваше пцовки до судијата, а соиграчите спречија сериозен инцидент.
 
Сепак, Милан не игра во Европската лига оваа сезона, па Ребиќ ќе биде суспендиран следниот пат кога неговиот клуб ќе учествува.
 

Коментирај