Предлог за читање

Рецензија на книга: „Бегалка“ – Алис Манро

Алис Манро е родена во Канада, 1931 година. Нејзината прва збирка раскази „Танц на среќните сенки“ (Dance of the Happy Shades) е издадена во 1968 година. Добитничка е на голем број награди и номинации. Во 2013 година доби Нобелова награда за литература. Позната е по вештината во пишувањето кратки раскази, а нејзини најпознати збирки се „Што се замислуваш?“ (Who Do You Think You Are?), „Бегалка“ (Runaway) и други.

Збирката раскази „Бегалка“ е објавена во 2004 година и е добитник на неколку книжевни награди. Кај нас е преведена на македонски јазик во издание на Бегемот. Станува збор за осум раскази во кои акцентот е поставен на различни приказни. Главниот збор во нив го имаат женските ликови, кои се силни и визуелно блиски до читателот. Но, машките ликови се оние кои го почнуваат или завршуваат дејството.

Ефектите на спознавање на животот се подеднакво присутни во сите раскази, од една страна имаме млади женски ликови кои треба да се соочат со иднината, созревајќи во постари жени кои ја живеат староста. Надежта, мечтите, соништата се паметат различно, а ликовите спонтано ја откриваат својата вистинска природа пред читателот.

Првиот расказ во збирката е „Бегалка“, додека следните три раскази се за еден ист лик, што е интересна техника која создава чувство на читање еден малечок роман. Во расказот „Бегалка“ станува збор за љубовта на млад брачен пар чија разделба всушност може да разнише еден цел свет на настани. Манро вешто го води читателот низ лавиринти на очекувања кои подоцна завршуваат со неочекуван пресврт.

Следните раскази „Шанса“, „Наскоро“ и „Тишина“ се за Јулија, лик кој го запознаваме како млада девојка и го следиме нејзиниот развој до крај. „Страст“ е петтиот расказ, во кој главен лик  е Грејс и нејзиниот животен пресврт.

Потоа следуваат расказите „Гревови“, „Измами“ и Моќ“. Особен впечаток остава расказот „Измами“ и љубовта и очекувањата на Робин. Една обична средба за неа ќе значи почеток на нов живот, но повторно Манро вешто манипулира со дејството, правејќи една потресна приказна чиј крај нема да ве остави рамнодушни.

Во последниот расказ „Моќ“ се вметнати повеќе книжевни форми. Расказот започнува како водење дневник, а потоа преку писма го следиме дејството, додека крајот е прикажан во трето лице.

Манро е вистински мајстор за оживување на ликовите, нивно растење и обликување без ниту една маана. Секој расказ во оваа книга има лична приказна и моќна порака, без притоа да се нарушува перцепцијата за чувствата и односот меѓу ликовите.

 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе