Рецензија на книга: „Едно лето на Крит”од Анде Јанков

Анде Јанков  е роден на 5 јуни 1988 година во Велес. Своето образование го завршува на Економскиот факултет во Скопје. Уште од најрана возраст покажува голем интерес кон пишаниот збор, истовремено читајќи многу книги и пишувајќи кратки раскази. „Едно лето на Крит" е неговиот прв роман, кој е награден на конкурсот „Романијада", објавен од издавачката куќа „Култура". Во моментов го пишува својот втор роман.

Романот првенче на Анде Јанков е една возбудлива приказна, која повеќе наликува на филмско сценарио. Ја читате и имате чувство дека сте таму, постојано во исчекување на она што следи. И иако насловот е „Едно лето на Крит”, сосема слободно би го променила во „Еден ден на Крит”. Затоа што овој роман е токму тоа, роман за еден ден и роман што се чита во еден ден.

Забавен, модерен, сликовит, романтичен, мириса на младост и море. А сепак, на моменти напнат, понекогаш предизвикува морници, а понекогаш наивно потсетува на љубов. И ако треба да одредам кое е чувството што го движи дејството напред се двоумам дали прво да го споменам стравот или на прво место да ја ставам љубовта. Затоа што во овој роман стравот и љубовта меѓусебно се испреплетуваат.

Ова е приказна од нашето секојдневие. Наменета е за еден широк дијапазон на публика. Во неа дефинитивно ќе се пронајдат тинејџерите, но интересна е и за повозрасниот аудиториум. Јазикот на кој е напишана е флуентен и разбирлив, настаните се прецизни и сосема јасни, а сонот мајсторски ја предвидува реалноста. Главните ликови Марина и Филип потекнуваат од Скопје. Речиси целото дејство се одвива во Грција, поточно на островот Крит, каде тие еден убав сончев ден заминуваат на летување. И она што треба да биде приказна за едно романтично летување одеднаш преминува во трилер филм.

Киднапирање, трговија со луѓе, обид за убиство, сообраќајна незгода... И сè поради еден обичен каприц, една наивна караница. Токму така, сосема случајно, како што впрочем и секогаш се случува. Прашањата – како? Можеше ли да биде поинаку? – остануваат во романот, како и во животот, без одговор.

Ова не е приказна што трае со години. Ова е роман за еден ден. Ден – изненадување. Ден – поинаков од сите други. Ден кој отскокнува од секојдневието. Ден за созревање. Ден во кој нема време за погрешни одлуки. Нема каење. Да се биде или не. Ден – миг. Ден – вечност. Ден кој не менува засекогаш. Ден полн неизвесност.

Страв и љубов. Љубов и страв.

Ден за кој мислиме дека секогаш му се случува на некој друг, а никогаш нам. И каков исход ќе има зависи од тоа како  ќе го одиграме мигот, затоа што повеќе време – нема.

Ова е роман што се чита во еден здив. Во еден ден – ден што може да ни се случи и нам. Дали и Вие имате некој таков ден?

Ирена Димов, во соработка со Култура

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе