[РЕЦЕНЗИЈА] Quō vādis? - Кон ветената „Медена земја“

Од филмовите очекуваме да ни раскажат приказни, животи и светови за кои не знаеме, далеку од нас и длабоко во нас. Документарните филмови очекуваме да ни ги отворат очите и да ни постават прашања.

„Медена земја“ (Honeyland) успева да го направи сево ова, и тоа е само почетокот. Документарецот на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска постигна интернационален успех - три награди на фестивалот Sundance: за најдобар документарец, специјална награда за општествени промени и награди за снимателите Фејми Даут и Самир Љума -  и неминовно е да се чувствуваме горди на нивното достигнување како културни уметници од нашата земја. Откако ќе го погледнете документарецот, се чувствувате горди што во ова време на брза живеачка во чие итање ги расејуваме вистинските вредности, оваа ѕвездена екипа успеа да го скроти времето и да ја долови есенцијалната човечност.

Мајсторски раскажаната приказна за пчеларката Атиџе Муратова низ поетски слики во кои суровиот планински предел ги менува боите и текстурите, но не и релјефот на нејзината монументална човечност - дури и кога е соочена со ситуации што се закануваат да го потресат нејзиниот еквилибриум - истовремено го успокојува немирот во вас, но и разгорува горливи прашања за вистински вредните работи во животот.

Преку една моќна порака за еколошкиот геноцид што човекот го создава намерно со неговата алчност и ненамерно соочен со гола егзистенција, „Медена земја“ истовремено ги отвора најдлабоките хумани и хуманистички прашања, без да наметнува вина, осуда или надменост. Во најмала рака, овој филм ќе ве освести, но исто така ќе ве потсети дека тоа не е доволно.

Интимноста со која Стефанов и Котевска успеваат да ја пренесат реалноста во која живеат главните протагонисти во филмот неминовно ве чепнува во вашите најдлабоки стравови – што ми е навистина вредно во животот, каде брзам(е), што бркам(е), кога ќе биде доволно?

Покрај интроспекциите низ кои ќе поминете како гледач и како човек, „Медена земја“ исто така ќе ве поттикне да ја погледнете пошироката слика и да се потсетите дека ниту еден човек не е остров сам за себе и дека сите функционираме во волшебниот циклус на животот, како пчели во кошница зависиме едни од други, си требаме едни на други, му требаме на светот и тој ни треба нам.

Не можам, а да не ја водам наративата лично и интимно, бидејќи токму тоа ви го прави „Медена земја“ – истовремено ве завиткува во топлата мајчинска утроба и ви го дава тоа понекогаш толку потребно поттурнување од гнездото за да полетате. Можеби најмајсторското нешто кое успеа да го направи екипата на овој документарец е тоа што приказната ве наведува на преиспитување лишено од какво било негативно чувство. Сепак, никогаш веќе нема да можете да го гледате светот околу себе на ист начин и во секоја ваша постапка ќе се прашувате: „До кога ќе ја сечеме гранката на која седиме?“

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Рецензии

КАЈГАНА рецензија: Зошто (не) треба да го гледате Leave the World Behind на Netflix?

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?

Read more

And Just Like That: Очајнички обид да се биде релевантен по „Сексот и градот“

Read more

Кон „ТМ“ на Димитријевиќ и Иванов: Подржи ми го егзистенцијалниот немир

Read more
 

Сцена

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна првиот тизер трејлер за новиот Joker, обожавателите поделени

Читај повеќе
  • filter

Фаворитот за новиот Бонд се појави на црвениот тепих со 24 години постарата сопруга

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Шакира се потруди никој да не дознае дека глумела во теленовела?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе